Во 1971 година, во Македонија, една голема идеја, една желба на група стручни луѓе, ентузијасти, сонувачи, визионери, стана стварност. Се создаде жариште, вруток, срце на еден културен организам, кое што силно пулсира, мотивира, иницира, поттикнува, едуцира. Во 1971 година, во Битола се воспостави Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” во Битола. Фестивал со симболично име, племенита мисија и со длабоко осмислени и втемелени цели и критериуми. Фестивал посветен на највредните човекови креации кои што ги издржале вредносните критериуми низ вековите. Фестивал кој што ја презентира, афирмира и документира тапијата на бесценетата народна културна традиција. Илјадници народни уметници, милиони посетители, безброј фотографии, аудио, видео записи, мелографирани материјали, документи за идните генерации. Реализирајќи ја својата мисија, фестивалот праќа пораки на сите четири страни на светот и привлекува вљубеници во автентичните вредности на културното наследство.
Но и после толку години, почетокот е тука, затоа што и новите генерации треба да ги научат и да ги развеат “Тешкото”, “Копачка”, “Невестинско”, “Комитското”.
Секоја генерација си вградува свое камче во бесценетиот мозаик на фестивалот споменик, паметник, учебник.
Благодарност и почит за секој од нив.

Традиција

“Народната традиција има вредност доколку луѓето длабоко ја чувствуваат” Русо Секој човек, секој народ, го изразува своето битие преку своите…

0 Comments

Континуитет

За разлика од многу други народи, кои уште во XIX век имаат развиено научни дисциплини и кадри кои ја издигаа националната етнографија и фолклористика за своите потреби, македонскиот народ дури по Втората светска војна, на територијата на денешна Република Македонија успеа да оформи институции кои што научно, стручно и ком-петентно започнуваат да ја третираат народната култура и традиција.

0 Comments

Искра

“Во денешните услови, расцвет на нашата национална култура, собирањето, чувањето, и доразвивањето на нашето народно творештво е општа, државна –…

0 Comments

Раѓање на фестивалот

Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови”, Битола е воспоставен во 1971 година, со подршка на Собранието на Општина Битола, Културно – просветните заедници на Македонија и Битола, а под покровителство на Собранието на Република Македонија.

0 Comments

Темели

Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” Битола, својата дејност, својата мисија, веќе 40 години, ја базира преку оства-рување на следниве темелни поставки:

0 Comments

Концепт

Народот, низ вековите, се вградил себеси во создавањето на една својствена, препознатлива народна култура, во чија што уметничка креација органски е вткаен својствениот бит, како знак за автентично постоење и самобитност, што не прави различни во светскиот културен и воопшто етнолошки мозаик.

0 Comments

Растење

Конституирањето на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” Битола, како единствена сцена во Република Македонија, каде што на стручен и компетентен начин ќе се презентира, на соодветен начин валоризира и документира културното наследство, поттикна процес на развој на фолклорниот аматеризам.

0 Comments

Во Битола

Битола, градот домаќин, со својата многувековна културна традиција, со својата историја, со втемеленото чувство за вредности, е вистинското место каде што припаѓа фестивалот “Илинденски денови”.

0 Comments

Импресии

Фестивалот “Илинденски денови” отвори нова патека, нов почеток, нова страница во мотивирањето за живо егзистирање и презентација на духовната култура.…

0 Comments

Стожер

Фестивалот “Илинденски денови” е стожер за духовно поврзување на македонците од целиот свет. На фестивалската сцена, која претставува значајна врска со родната грутка, во изминатиот период се претставија околу 81 група на нашите иселеници и привремено вработени во странство, како и 36 групи на Македонците од околните земји од кои 24 групи од Пирин Бугарија, 8 групи од Егеј Грција и 4 групи од Албанија.

0 Comments

Огледало на мултикултурата

На тлото на Македонија, низ текот на вековите се втемелил соживот на различни етнички заедници и националности, еден мултикултурен мозаик кој е вистинско богатство на традиционални вредности.

0 Comments

Мост

Квалитетот продуциран на фестивалот поттикна голем број стручни лица, вљубеници во народната култура, фолклорни ансамбли од целиот свет, да доаѓаат, да го следат и да презентираат свои содржини.

0 Comments

Инспирација

Креативноста на народниот уметник ја претво-ри секоја македонска куќа во уметничка работилница. Народните носии, народните везови, изработките од керамика, дрво и метал, накитот, покуќнината, алатките, инструменти, ги носат во себе креативните импулси на народот што ги создал.

0 Comments

Едукација

Една од основните цели на фестивалот од формирањето па до денес претставува едукацијата на стручни кадри, кои ќе ја имаат клучната улога во развојот на групите и ансамблите.

0 Comments

Информација

Тргнувајќи од темелните поставки за собирање, евидентирање, обработка, каталогизирање и чување на културното наследство, сите презентирани содржини од фестивалот “Илинденски денови” се соодветно документирани и архивирани, како инфор-мација, сведоштво и учебник за идните генерации.

0 Comments

Визија

Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови”, во текот на своето многу годишно егзистирање, активност и делување, покажа и докажа дека не е инцидентна појава, туку дека е своевиден културен процес, кој е нужно потребен како значајна алка во континуитетот на живото егзистирање на традиционалните културни вредности.

0 Comments

Благодарам

За се создаде, зачува и надгради еден фестивал треба многу луѓе со големо срце и љубов кон орото, песната, кон родната грутка.

0 Comments

Да се запамети

Фестивалот “Илинденски денови” е голема инвентивна идеја како надомест на голема културна потреба.

0 Comments