Републички Фестивал на народни песни и игри – “Илинденски денови” Битола – 1971 – …

Идеја

Фестивалот “Илинденски денови” е голема инвентивна идеја како надомест на голема културна потреба.

Темелни поставки

Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” Битола, својата дејност, својата мисија, изминатите години, ја реализира врз основа на следниве темелни поставки :

  • систематско истражување, зачувување, еду-кација, презентација и сценска валоризирација на автохтоните, изворните содржини и изрази од богатото народно духовно и материјално културно наследство;
  • поттикнување, подпомогнување и стимули-рање на нашиот човек во татковината или било каде низ светот, за зачувување и пренесување на народните културни вредности на идните генерации;
  • воспоставување на духовен мост со сите светски вљубеници во нашата и светската културна традиција,
  • создавање на привлечна и репрезентативна сцена за стручно и научно проучување на народната култура.

Првиот фестивал

Првиот Републички фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” се одржа од 30 јули до 2 август 1971 година, во летната бавча на Домот на армијата во Битола, со учество на дваесет фолклорни ансамбли од цела Македонија.

Формирање на УНК “Илинденски денови” Битола

Со цел да се овозможи систематска, стручна, компететна, професионална реализација и обезбедување на услови за континуиран развој на фестивалот, со Решение број 01-4851/1 од 9 јули 1973 година на Собранието на општина Битола, фестивалот прераснува во Установа за народна култура “Илинденски денови” Битола, како институција од посебен општествен интерес, а за в.д. директор на установата е назначен м-р Кирил Танчевски.

Трансформација

По повеќе децениска успешна работа, УНК “Илинденски денови” Битола и Спомен домот на кул-турата Битола , со одлука на Владата на Република Македонија бр. 23-5574/1 од 22.ЏИИ.2003 година, Службен весник број 84/2003, за утврдување на мрежата на национални установи од областа на културата, се обединуваат и продолжуваат со работа како Национална установа – Центар за култура, Битола.

Учесници

Од воспоставувањето, на фестивалот учествуваа 1492 фолклорни групи и ансамбли, со преку 40.000 играорци и инструменталисти .

Семакедонски фестивал

Фестивалот “Илинденски денови” е стожер за духовно поврзување на македонците од целиот свет. На фестивалската сцена, во изминатиот период се претставија: 81 група на нашите иселеници и прив-ремено вработени во странство, како и 36 групи на Македонците од околните земји од кои 24 групи од Пирин Бугарија, 8 групи од Егеј Грција и 4 групи од Албанија.

Огледало на мултикултурата

Веќе 40 години фестивалот е местото каде што покрај македонците, својата народна култура ја промовираат и претставуваат групите и ансамблите на албанците, турците, власите, ромите и сите останати припадници на етничките заедници кои живеат во Република Македонија. Од 1971 до 2010 година се претставиле 127 такви групи.

Интернационален фестивал

Во изминатите четириесет години зеле учество 114 фолклорни групи и ансамбли на европски и вон-европски народи и тоа од Америка, Австралија, Канада, Јапонија, Англија, Франција, Холандија, Италија, Унгарија, Белгија, Шведска, Германија, Полска, Чехословачка, Романија, Молдавија, Турција, Грција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Битно е да се напомене дека голем дел од тие фолклорни групи и ансамбли, покрај другото, негуваат и презентираат и македонски фолклорни содржини.

Традиција

Од 1972 година фестивалот се одржува на Ракометното игралиште во Битола. Фестивалот се отвора со орото “Комитска легенда “ во изведба на КУД “Илинден” од Битола.
Во рамките на придружните манифестации, посебно одбележување заслужува атрактивното дефиле “Со песни и игри низ битолските улици”, како и фестивалскиот “Илинденски караван” – гостување на фолклорни групи и ансамбли во соседните општини и населени места.

Публика

Фестивалот, дефилето, фестивалскиот кара-ван, изложбите како и останатите придружни манифестации ги проследиле над 2.700.000 посетители.

Изложбена дејност

  • Во 1971 година: “Изложба на народни носии”, во Уметничка галерија Битола.
  • Во Соработка со Етнолошкиот музеј на Македонија реализирани се следните изложби: во 1972 година “Музички народни инструменти во Македонија, во 1973 година “Македонска народна уметност”, во 1979 година “Македонски народни везови”.
  • Во 1975 година е воспоставена Државната изложба на детски ликовни творби “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво”. Во рамките на досега организираните 35 изложби, со свои творби зеле учество преку 30.000 деца од Република Македонија.
  • Во соработка со Друштвото на Македонците муслимани од Скопје, во 1982 година е организирана изложбата “Материјалната и духовната култура на Македонците муслимани”. Изложбата гостуваше во повеќе градови од Македонија.
  • Во 1983 година е воспоставена “Републичката изложба на ракотворби мотивирани од фолклорот и народната култура”, која имаше седум свои изданија во континуитет.
  • Во 1987 година изложба на ликовниот уметник Панде Петровски на тема “Селската архитектура на Битолско”.

Стручно научни и едукативни активности

  • Стручни советувања со раководителите на фолклорните групи и ансамбли, за време на одржувањето на фестивалот, со предавања на познати фолклористи.
  • Меѓународен научен собир на тема “Фолклорот и етнологијата на Битола и Битолско”, реализиран во 1980 година, од страна на УНК “Илинденски денови” Битола, во соработка со Македонската академија на науките и уметностите.
  • Стручна расправа на тема: “Фолклорот во 21 век” реализирана во 2007 година.
  • Семинари за традиционална музика и игра 2009 и 2010 година.

Издавачка дејност

  • “Фолклорот и етнологијата на Битола и битолско” – стручни материјали од меѓународниот научен собир во 1980 година, Македонска академија на науки и уметности и УНК “Илинденски денови” Битола.
  • Монографија “25 години Државен фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” Битола, автор м-р Кирил Танчевски.
  • Музичко ЦД “Викоички песни од источна Македонија”, УНК “Илинденски денови” Битола, 2002.
  • Музичко ЦД “Викоички песни од Западна Македонија”, УНК “Илинденски денови” Битола, 2003 година
  • Семинар за традиционална музика и игра, Зборник на трудови, НУ Центар за култура Битола 2009.
  • Семинар за традиционална музика и игра, Зборник на трудови, НУ Центар за култура Битола 2010.
  • Каталози со податоци и стручни осврти, како и плакати, летоци со список на учесници за секој фестивал и придружна манифестација од 1971 до 2010.

Каталози за реализирани изложби.

Интерен “Билтен на фестивалот” со податоци за учесниците и стручни рецензии за настапите на групите и ансамблите од 1978 до 2001 година.

Документационен центар

Врз основа на темелните поставки за собирање, евидентирање, обработка, каталогизирање и чување на културното наследство, сите презентирани содржини од фестивалот “Илинденски денови” се соодветно документирани и архивирани во рамките на Информативно документациониот центар на фестивалот кој располага со:

  • Фонотека – аудио снимки од сите реализирани фестивали, на магнетофонска лента и на ЦД.
  • Видеотека – видео материјали од 1985 до 2010 година, на видео ленти и ДВД (една копија е депонирана во Историскиот архив во Битола).
  • Црно бели, колор, фотографии, контакт копии, негативи, слајдови, од сите фестивали.
  • Стручна библиотека.

Процес

Фестивалот не е само музичко сценска мани-фестација, туку е своевиден културно научен процес кој мотивира живо егзистирање и презентација на народната култура и врши соодветно собирање, документирање, инвентаризација, каталогизирање и архивирање на презентираните содржини.

 

Членови на Советот на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” Битола

1971 година

Гога Николовски – претседател, Трајан Гошевски потпретседател, Илија Алушевски – потпретседател, Томе Василевски – секретар, Томе Момировски, Тома Леов, Методија Размовски, Вера Антиќ – Стојчевска, Владимир Костов, Славка Бундалева, Димитар Димитровски, Димитар Грданов, Благој Петровски, Кире Петков, Доне Пановски, Владо Ѓорѓиевски, Крсте Велјановски, Михајло Димовски, Димче Стефановски, Драган Топчиевски, Тоде Ѓоревски, Никола Фотеф и Кирил Танчевски.

1978 година

Живко Василевски – претседател, Петар Атанасовски – потпрет-седател, м-р Кирил Танчевски – стручен раководител, Павлина Василева, Драган Топчиевски, Ристо Туџаровски, Ѓорѓи Кожуваровски, Живко Фирфов, Левтерија Лазарева, Томе Василевски, Ѓори Ѓорѓиев, Петар Најдовски, Вангел Нечевски – Тунелот, Владимир Костов и Драган Ѓорѓиевски.

1982 година

Живко Василевски – претседател, Павлина Василева – пот-претседател, м-р Кирил Танчевски в.д. директор, Петар Атана-совски, Благој Размовски, Наум Лахчански, Менде Петковски, Антонијо Димитровски, Стево Кочовски, Кире Добрушевски, Трајко Огненовски, Трпко Бицевски, Миле Кочанковски, Виолета Бошева, Илија Алушевски, Драган Топчиевски и Соња Тасевска.

1986 година

м-р Мито Пејовски – претседател, Миле Чолаков – потпретседател, м-р Кирил Танчевски – директор, Пеце Цветановски, Стојан Здравевски, Димитар Хаџи Стерју, Борче Ангелковски, Татијана Каличанин, Шукри Рамо, Ранко Струмениковски, Петар Најдовски, Димитар Богдановски, Александар Стерјевски, Коле Волчевски, Никола Костурски, Ѓорги Лумбуровски, Ѓорѓи Котевски, Љубе Станковски и Соња Тасевска.

1990 година

Борис Андоновски – претседател, Доне Петличковски – потпрет-седател, м-р Кирил Танчевски – директор, Петар Гроздановски, Борис Божиновски, Драган Топчиевски, Владимир Додовски, Борче Начовски, Соња Беговска, Валентин Соклевски, Љубе Станковски, Љубо Трифуновски, Митко Недановски, Татијана Каличанин, Божидар Рајковски, Здравко Божиновски, Драган Георгиевски, Антонијо Димитровски и Соња Тасевска.

1994 година

Доне Петличковски – претседател, Валентин Соклевски – потпрет-седател, Весна Петреска, Божидар Рајковски, Петар Солаковски, Златко Делов, Никола Ивановски, Љубе Станковски и Соња Тасевска.

2007 година

Ана Бегајовска – претседател, м-р Бошко Тренески, д-р Родна Величковска, Борче Димитровски, Љупка Коларова Пајевиќ, Петар Пецаковски, Блаже Павловски, Љубе Станковски, Валентин Соклевски.

2009 година

Љупка Коларова Пајевиќ – претседател, Маја Таневска, м-р Бошко Тренески, д-р Родна Величковска, Борче Димитровски, Блаже Павловски, Љубе Станковски, Валентин Соклевски.

2010 година

Борче Димитровски – претседател, Лилјана Мострова, м-р Бошко Тренески, д-р Родна Величковска, Љупка Коларова Пајевиќ, Блаже Павловски, Љубе Станковски, Валентин Соклевски.

Вработени во Установата за народна култура “Илинденски денови” Битола во периодот до спојувањето со НУ Центар за култура Битола

  • м-р Кирил Танчевски (директор од 1973-1997 год.)
  • Љубе Станковски (директор од 1997-2003 год.)
  • Соња Тасевска
  • Валентин Соклевски

Ангажирани стручни лица во реализацијата на фестивалот

Режисери:

Тома Леов, Јонче Христовски, Михајло Димовски, д-р Ѓорѓи Ѓорѓиев, Блаже Палчевски, Валентин Соклевски

Помошници режисери:

Љубе Станковски, Љубо Трифуновски, Бранко Жежовски, Коче Стојчевски, Никола Трајковски.

Членови на жири комисии:

д-р Вера Антиќ – Стојчевска, Живко Фирфов, д-р Ѓорѓи Ѓорѓиев, д-р Трпко Бицевски, д-р Татијана Каличанин, д-р Боривоје Џимревски, м-р Кирил Танчевски, Миле Николовски, д-р Томе Саздов, Јонче Христовски, Љубо Трифуновски, Томе Василевски, Илија Алушевски, Стојко Митковски, Весна Петреска, Перица Денковски, д-р Драган Даутовски, Тофе Дракулевски, Владо Станоевски, Блаже Палчевски, Никола Фириев, Кире Стојчевски.