“Со години наназад, јас со моите ученици од сите нации во светот, а особено со Ансамблот “Билјана” од Токио, Јапонија, со радост доаѓаме да го проследиме фестивалот, да научат нешто, а често и на фестивалската сцена да презентираат дел од македонскиот фолклор”.

Атанас Коларовски
Кореограф, Сиетл, Америка

КУД “Билјана” Токио, Јапонија (1995 г.)
КУД “Билјана” Токио, Јапонија (1995 г.)

Квалитетот продуциран на фестивалот поттикна голем број стручни лица, вљубеници во народната култура, фолклорни ансамбли од целиот свет, да доаѓаат, да го следат и да презентираат свои содржини. Таа тенденција оформи мостови на соработка, кои овозможија афирмација на македонскиот фолклор ширум светските културни простори, но и можност за интернационализација на фестивалот.

КУД „Кочиќ“ Челарево, Србија (2002)
КУД „Кочиќ“ Челарево, Србија (2002)

Во изминатите четириесет години пред широкиот фестивалски аудиториум, а и пред стручната јавност имаа можност да се претстават околу 114 фолклорни групи и ансамбли на европски и вонев-ропски народи и тоа од Америка, Австралија, Канада, Јапонија, Англија, Франција, Холандија, Италија, Унгарија, Белгија, Шведска, Германија, Полска, Чехословачка, Романија, Молдавија, Турција, Грција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

“Folk dance” Њујорк, САД (1981)
“Folk dance” Њујорк, САД (1981)

Настапите на сите овие групи и ансамбли на различни народи и етникуми од целиот свет, овозможуваат стручна, културолошка, компаративна анализа на народната култура и даваат можност за афирмација и етаблирање на македонскиот културен код во светската културна ансамблеа.