“За мене фестивалот претставува вистински празник, кој ме исполнува со радост и задоволство и духовно ме храни. Преку сето она што ни се прикажува, јас го доживувам мачното минато на мојата сакана Македонија. Сето тоа е голема убавина, огромно богатство кое благодарение на фестивалот “Илинденски денови” се спасува од заборав и исчезнување. Тоа е душата на нашиот народ.
Ние македонците се гордееме што сме создале такво бесценето богатство.”
Алексо Котевски Алек
Наш иселеник во САД
– Билтен на фестивалот, 1980
Фестивалот “Илинденски денови” е стожер за духовно поврзување на македонците од целиот свет. На фестивалската сцена, која претставува значајна врска со родната грутка, во изминатиот период се претставија околу 81 група на нашите иселеници и привремено вработени во странство, како и 36 групи на Македонците од околните земји од кои 24 групи од Пирин Бугарија, 8 групи од Егеј Грција и 4 групи од Албанија.
Сите тие, преку подготовките на своите пре-зентации, ја одржуваат врската со родната грутка и даваат огромен придонес во зачувување на својот идентитет како и културата и традицијата на народот на кој што припаѓаат.
