За да се научи едно оро, една песна, треба желба, време, многу пот, срце и љубов.
За се создаде, зачува и надгради еден фестивал треба многу луѓе со големо срце и љубов кон орото, песната, кон родната грутка.
“Илинденски денови” е чедо на тие луѓе.
Играорци, гајдаџии, зурлаџии, тапанџии, пеачи, стручни лица.
На сите нив едно големо БЛАГОДАРАМ и желба за здравје, љубов и среќа.
А кога ќе зачукаат тапаните како аманет од Свети Илија, ќе излезат комитите како некогаш на Илинден, а меракот ќе ни ги наполни градите, да се собериме сите, нашиот фестивал не чека.
