Континуитет

За разлика од многу други народи, кои уште во XIX век имаат развиено научни дисциплини и кадри кои ја издигаа националната етнографија и фолклористика за своите потреби, македонскиот народ дури по Втората светска војна, на територијата на денешна Република Македонија успеа да оформи институции кои што научно, стручно и ком-петентно започнуваат да ја третираат народната култура и традиција.

0 Comments

Искра

“Во денешните услови, расцвет на нашата национална култура, собирањето, чувањето, и доразвивањето на нашето народно творештво е општа, државна –…

0 Comments

Раѓање на фестивалот

Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови”, Битола е воспоставен во 1971 година, со подршка на Собранието на Општина Битола, Културно – просветните заедници на Македонија и Битола, а под покровителство на Собранието на Република Македонија.

0 Comments

Темели

Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” Битола, својата дејност, својата мисија, веќе 40 години, ја базира преку оства-рување на следниве темелни поставки:

0 Comments

Концепт

Народот, низ вековите, се вградил себеси во создавањето на една својствена, препознатлива народна култура, во чија што уметничка креација органски е вткаен својствениот бит, како знак за автентично постоење и самобитност, што не прави различни во светскиот културен и воопшто етнолошки мозаик.

0 Comments

Растење

Конституирањето на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” Битола, како единствена сцена во Република Македонија, каде што на стручен и компетентен начин ќе се презентира, на соодветен начин валоризира и документира културното наследство, поттикна процес на развој на фолклорниот аматеризам.

0 Comments

Во Битола

Битола, градот домаќин, со својата многувековна културна традиција, со својата историја, со втемеленото чувство за вредности, е вистинското место каде што припаѓа фестивалот “Илинденски денови”.

0 Comments

Импресии

Фестивалот “Илинденски денови” отвори нова патека, нов почеток, нова страница во мотивирањето за живо егзистирање и презентација на духовната култура.…

0 Comments

Стожер

Фестивалот “Илинденски денови” е стожер за духовно поврзување на македонците од целиот свет. На фестивалската сцена, која претставува значајна врска со родната грутка, во изминатиот период се претставија околу 81 група на нашите иселеници и привремено вработени во странство, како и 36 групи на Македонците од околните земји од кои 24 групи од Пирин Бугарија, 8 групи од Егеј Грција и 4 групи од Албанија.

0 Comments

Огледало на мултикултурата

На тлото на Македонија, низ текот на вековите се втемелил соживот на различни етнички заедници и националности, еден мултикултурен мозаик кој е вистинско богатство на традиционални вредности.

0 Comments

Мост

Квалитетот продуциран на фестивалот поттикна голем број стручни лица, вљубеници во народната култура, фолклорни ансамбли од целиот свет, да доаѓаат, да го следат и да презентираат свои содржини.

0 Comments

Инспирација

Креативноста на народниот уметник ја претво-ри секоја македонска куќа во уметничка работилница. Народните носии, народните везови, изработките од керамика, дрво и метал, накитот, покуќнината, алатките, инструменти, ги носат во себе креативните импулси на народот што ги создал.

0 Comments

Едукација

Една од основните цели на фестивалот од формирањето па до денес претставува едукацијата на стручни кадри, кои ќе ја имаат клучната улога во развојот на групите и ансамблите.

0 Comments

Информација

Тргнувајќи од темелните поставки за собирање, евидентирање, обработка, каталогизирање и чување на културното наследство, сите презентирани содржини од фестивалот “Илинденски денови” се соодветно документирани и архивирани, како инфор-мација, сведоштво и учебник за идните генерации.

0 Comments

Визија

Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови”, во текот на своето многу годишно егзистирање, активност и делување, покажа и докажа дека не е инцидентна појава, туку дека е своевиден културен процес, кој е нужно потребен како значајна алка во континуитетот на живото егзистирање на традиционалните културни вредности.

0 Comments