Во македонската културна меморија постојат сцени кои не само што се играат – тие се живеат. Една од нив е „Комитското“ – оро без музика, но полно со сила, создадено како симбол на борбата, истрајноста и тишината што зборува повеќе од зборот. Родено во Кочанскиот крај, а од 1971 година трајно втиснато во репертоарот на КУД „Илинден“ – Битола, ова оро стана неизоставен белег на Фестивалот „Илинденски денови“, негов почеток и негово обележје.
