Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ е воспоставен во 1971 година. Основната мисија на фестивалот е заштита, промоција и афирмација на духовното и материјалното културно наследство претставено преку традиционалната музика, игри, песни, обичаи, обреди, носија, инструменти, ракотворби и друго.