Шеста по ред Детска ликовна работилница
„Народната култура – трајна инспирација“ – 2020

Директор
Маја Андоновска Илијевски

ЖИРИ КОМИСИЈА
Панде Петровски
Весна Дунимагловска
Блаже Павловски

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
м-р Валентин Соклевски

СОРАБОТНИК
Љупка Стефановска

ФОТОГРАФИИ И ГРАФИЧКА ОБРАБОТКА
Никола Трајковски
Битола, 2020 година

Детската ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво” е воспоставена во 2015 год. и е природно програмско надоградување на Државната изложба на детски ликовни творби на истата тема.
Co реализацијата на работилницата им се овозможува на учесниците да се запознаат и да се инспирираат од народната култура со акцент на богатото материјално културно наследство како и да се запознаат со ликовните техники кои овозможуваат адекватен уметнички израз на нивниот креативен дух.
Работилницата обезбедува авторски континуитет на традиционалната уметност, како и поттикнување, надоградување и остручнување на младите талентирани автори – деца и нивните ликовни педагози.
Co оглед на оклоностите предизвикани од вирусот Ковид 19, а со цел да не се загрози здравјето на учесниците, шестата по ред Детска ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација” се реализираше ON LINE преку апликацијата ZOOM на 22, 23 и 24 јули 2020 година.
Во рамките на работилницата учествуваа вкупно 58 учесници од кои 18 ментори и 40 ученици од 20 основни училишта од Битола, Струмица, Кочани, Куманово, Тетово, Охрид, Велес, Ресен, Прилеп, Ваташа, Долно Палчиште, Росоман, Дреново,
Брвеница, Челопек и Гермијан.

„Народната култура - трајна инспирација“ - 2020