Ако го оставиме светот на децата, тој ќе биде едно прекрасно магично место. Ако не ми верувате, дајте му задача на секое едно дете да твори, да слика, да бои, да црта, одврзете му ја детската фантазија, а потоа внимателно загледајте се во светот кој ни го претставиле.
Таму се сокриени сите вистини на човештвото.
Секое дете може светот да го обои единствено во боите на љубовта.
Оваа детска ликовна изложба ми е посебно драга, затоа што деца од цела земја испраќаат свои мини светови погледнати низ призмата на детското око и срце, а кога темата е традиција, толку повеќе тоа дело и тежи.
Петстотини дваесет и седум дела, педесет и две колекции, петстотини четириесет и седум деца и преку сто ментори, влегуваат во историјата на 48-то издание на Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.
Нека ни е за многу години.
Маја Андоновска Илијевски
Директор на
НУ Центар за култура – Битола