“Вие, во Битола, имате ретка непосредност во комуницирањето. Пристапувате отворено и искрено. Јас лично понесов впечаток дека и душата би ја дале за својот проверен пријател”.

Ролан Ришар
Ансамбл “Ле Пинодр” Епинал, Франција

FA “Amersvort”, Netherlands (2007)
ФА „Амерсворт“ Холандија (2007 год)

Битола, градот домаќин, со својата многувековна културна традиција, со својата историја, со втемеленото чувство за вредности, е вистинското место каде што припаѓа фестивалот “Илинденски денови”.

Градот, кој е своевиден музеј на отворено, веќе четири децении ја отвора својата душа за да ги пречека витките играорци, побелените старци, разиграните деца, гостите од сите меридијани, заедно да се прошетаат низ традицијата, за да можат да креираат заедничка визија за иднината.