“Илинденски денови – најрепрезентативна сцена во нашата земја за презентација на достигањата во негувањето на изворниот фолклор на македонскиот народ и на народностите кои живеат во Македонија”.

Владимир Додовски
Новинар во Битолски весник

КУД „Тернипе“ – Роми Битола (1981 г)
КУД „Тернипе“ – Роми Битола (1981 г)

На тлото на Македонија, низ текот на вековите се втемелил соживот на различни етнички заедници и националности, еден мултикултурен мозаик кој е вистинско богатство на традиционални вредности.

Веќе 40 години фестивалот е местото каде што покрај македонците, својата народна култура ја промовираат и преставуваат групите и ансамблите на албанците, турците, власите, ромите и сите останати припадници на етничките заедници кои живеат во Република Македонија.
Во изминатите 40 години околу 127 такви групи се претставиле на фестивалот.

Сите тие вариетети, кои во себе носат мултукултурни вредности, му даваат на фестивалот специфична димензија, богатство, културна разновидност, прекрасна колоритност, како и можност за афирмација, меѓусебно запознавање, негување, компарирање и надоградувње.