“Во денешните услови, расцвет на нашата национална култура, собирањето, чувањето, и доразвивањето на нашето народно творештво е општа, државна – сенародна задача.”

Коле Чашуле

Искра

Констататирајќи ја потреба од нов чекор во заштитата на живото егзистирање на вистинските традиционални културни вредности, група ентузијасти од Битола и од цела Македонија, палат искра надеж, отвораат нова патека, преку иницијатива за формирање на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” во Битола.

“ Во не така далечната 1971 година, една група загрижени ентузијасти и стручни лица, решија да се возобноват врутоците на народниот бит – фолклорот, народната песна и игра, обичаите и народните инструменти кај сите етнички средини на нашиот македонски простор.”

Гога Николовски
– Прв претседател на Советот на
УНК “Илинденски денови” Битола

Идејата, искрата надеж, запали оган кој што веќе 40 години гори со несмален интензитет и ни го покажува вистинскиот пат за зачувување, негување и презентирање на вистинските вредности создавани со векови.